Според министерството за образование, пријавите пристигнале на и-маил адресите на 134 основни училишта на територијата на Нови Сад, како и во некои училишта во Пирот, Ниш, Бабушница, Власотинце, Лебане и Куршумлија“, каде на учениците им е наложено дека наставата ќе се одвива онлајн.

 Медиумите потсетуваат дека ова е продолжение на серијата дојави за бомби во Србија. Пред два дена бомба била пријавена во Клиничкиот центар во Војводина по електронска пошта, но немало потреба од евакуација.