logo
logo
logo

Додиќ се заканува со распаѓање на БиХ, а Американците го потсетија на Дејтон: Нема отцепување!

Vecer | 25.07.2021

Додиќ се заканува со распаѓање на БиХ, а Американците го потсетија на Дејтон: Нема отцепување!

Заканите за распаѓање на Босна и Херцеговина се неприфатливи и Соединетите Американски Држави силно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, е пораката која ја испрати до јавноста американската амбасада во Сараево.

Со тоа реагираше на заострената политичка реторика откако високиот претставник Валентин Инцко воведе Закон со кој се забранува негирањето на воени злосторства.

Со одлука за измена и дополнување на кривичниот законик на БиХ, објавена во петокот, Инцко овозможи секое лице кое што негира воени злосторства, вклучително и геноцидот во Сребреница, или ги величи извршителите на тие злосторства, да бидат осудени на затворска казна до пет години.

Членот на претседателството на БиХ, Милорад Додиќ, најави дека нема да го почитува законот и најави чекори кои што треба веднаш да доведат до распаѓање на БиХ, односно одвојување на Република Српска од нејзиниот состав. Во саботата тој повика на потпишување петиција за да се изјаснат сите Срби во БиХ дека не ја прифаќаат одлуката на Инцко.

После тоа, на негова адреса пристигнаа остри критики и предупредувања, а бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Сефик Џаферовиќ, му рече дека со тскво однесување е на добар пат да заврши во затвор.

„Соединетите држави остануваат цврсто посветени на Босна и Херцеговина како демократска, мултиетничка, суверена и независна држава со несомнен територијален интегритет и нејзината иднина е најдобро загарантирана во евро-атлантската заедница. Акциите или заканите поврзани со распадот на Босна и Херцеговина се неприфатливи и спротивни на Дејтонскиот мировен договор и Уставот на Босна и Херцеговина, кои не им даваат право на субјектите да се одделат “, велат од амбасадата на САД, за кои известуваат локалните медиуми.

Апелираат политичарите во БиХ да ја прекинат реториката на поделба и да се концентрираат на дијалог и спроведување на реформите неопходни за сите граѓани на земјата.

Во текот на денот, Додиќ за локалните медиуми во РС изјави дека нема да се откаже од заканите, а премиерот на ентитетот, Радован Висковиќ, објави дека „ќе бидат преземени низа потези во наредните денови за да се покаже дека таквата БиХ не може да функционира "

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk