Додик ќе го постави Кустурица за советник

Избраниот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека првиот чекор во Сараево ќе му биде поставувањето на режисерот Емир Кустурица за советник.

Меѓу другото тој планира и да го постави знамето на Република Српска во зградата на Претседателството.,,Мојот кабинет како српски член на Претседателството ќе биде во Источно Сараево, во административниот центар на РС. Тука ќе ги обавувам своите должости. Кога ќе се одржуваат состаноци во Претседателството на БиХ – ќе видиме. Ако не биде знамето на РС во Претседателството, седниците ќе ги одржуваме по пат на линк”, вели Додик.

Запрашан дали очекува притисок од другите двајца членови на Претседателството, кога станува збор за членството на БиХ во НАТО, Додик вели дека од тоа нема ништо, односно дека е можна соработка преку Партнерство за мир. Тој додаде дека планира да им предложи на останатите членови на Претседателството да побараат од ЕУ – БиХ да добие статус на кандидат без оглед на состојбата во земјата, бидејќи тој статус многу ќе придонесе за стабилизирање на состојбите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари