logo
logo
logo

Италијански медиуми

„Додека ние вакцинираме 450, СРБИЈА ВАКЦИНИРА 7.800“

Vecer | 14.04.2021

„Додека ние вакцинираме 450, СРБИЈА ВАКЦИНИРА 7.800“

Споредувајќи ја сликата за вакцинација во Србија и Италија, италијанската телевизија Медијасет на канал Италија 1 објави 15 минутен прилог  во кој потенцираат дека во Србија сè работи како часовник и дека околу 7.800 лица се вакцинираат дневно во најголемиот центар за вакцинација, а 450 во ист таков центар во Милано.

Под наслов „Србија, рај за вакцини“, новинарот Гаетано Пекораро ги подвлече големите разлики меѓу Србија, која ја нема во Европската унија и која досега вакцинираше 30% од населението со најмалку една доза и каде населението меѓу 40 и 50 се моментално вакцинирани, а Италија, која е дел од Европа и само 14% од луѓето се вакцинирани, а имунизацијата на лица над 80 години сè уште не е завршена.

Она што најмногу го потенцираат е дека во Србија е можно да се избере вакцина затоа што, како што вели премиерката Ана Брнабиќ, „желба на Владата е сите луѓе да се чувствуваат безбедно“ и дека навреме се нарачани вакцините од Русија и Кина, со кои Србија има одлични дипломатски односи.

Тие нагласуваат добра и ефикасна организација благодарение на дигитализацијата, овозможи луѓето да бидат повикани во Србија во рок од 24 часа по аплицирањето за вакцината, а најдоцна за 10 дена, додека во Италија, луѓето над 80 години чекале поквик по два месеци.

Досега, Србија има вакцинирано и десетици илјади луѓе од странство, претежно од регионот и од Италија и Австрија, а покана ќе добијат сите што се пријавиле на порталот за е-влада, посочуваат новинарите.

Во Ломбардија, која има 10 милиони жители, се вакцинираат 27 000 луѓе дневно, а во Србија од 7,5 милиони жители, 53 000 за 24 часа.

На крајот тие велат дека ако продолжи вака, Италија ќе достигне колективен имунитет во февруари 2022 година, а Србија во јули оваа година.

“Vogliamo che i nostri cittadini si sentano sicuri”, ha detto a Gaetano Pecoraro la premier Ana Brnabic #leiene

Posted by Le Iene on Wednesday, April 14, 2021

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk