Баба од Врање, која длабоко гази во деветтата деценија од својот живот одржи вистински едукативен час за сите оние кои превртуваат очи кога ќе се спомне фитнес сала или било каков тип на вежбање. Имено, таа била снимена како вежба на јавната теретана на отворено од страна на еден млад дечко.

Таа почнала со серија на вежби за грбот и рамената, па потоа на ред дошле и нозете. Наводно, оваа супер бабичка има 88 години и живее во Врање. На видеото кое стана вистински хит на социјалните мрежи за многу кратко време можете да ја видите оваа баба како вежба и тоа со маска на лицето.

-Додека младите спијат, оваа баба тренира. Сила, елан и желба за здраво тело и здрав дух, се само дел од коментарите на видеото.