Вампирите под окото на науката

Добивме и прв вампиролог, од овие краеви е

Се развива комуникацијата преку интеренет и социјланите мрежи, повеќе се патува и сето тоа придонесува до развој на комуникација и достапност на нови информации и литература. Така, во Црна Гора, со развој на технологијата се случило да го добијат својот прв научник - вампиролог. Ѓорѓе Оташевиќ од Беране, кој една пред една година магистрирал на Факултетот за политички науки во Подгорица на тема "Вампир или човек, моќ и страв".

Ова е единствено дело, уникатнен научен труд во Црна Гора но, и на Балканот а авторот Ѓорѓе Оташевиќ вели дека мотив видел во вековната фасцинација, страв и митологија на луѓето од овие краеви од вампирите, но и воопшто меѓу луѓето во светот.

"Околу мене, кога се научните трудови на мојот Факултет за политички науки во прашање, постои тренд да се интересираат за ЕУ, НАТО, стратегии и социјалани движења... мене ме интересираше традицијата, и тоа социолошкиот, етнички, верски и национален однос кон митовите, во мојот случј - кон вамприте. Тао не е тренд, тие митови, стравови верувања постојат во народот од кога тој памти за себе, и постојано се тука. Луѓето кои само слушнале за мојот труд зборуваат небулози, иако ниту ме знаат ниту читале било што од научниот труд" вели авторот, вампиролог.

Оташевиќ, кој дипломирал и магистрирал на Факултетот за полотички науки оваа тема ја истражувал и бележел година дена, и не знае дали и како своето знаење и наука за вампирологијата ќе ја употреби во иднина. На прашањето, каде се гледаш себеси со овие знаења, тој одговара: ќе ја цитирам Маги од ЕКВ "Кога мачките гледаат во иднината, тие мижат"

Инаку, црногорскиот вампиролог, магистер по политички науки, ја живее класичната балканска судбина на младите луѓе, покрај сите школи и науки работи како конобар во локален кафич.

Поврзани

Најнови вести

Коментари