Џонсон: Нема да наметнуваме решение, поддршка за Вучиќ

Американскиот сенатор, Рон Џонсон изјави дека САД нема да наметнуваат решение за статусот на Косово. Тој наведе дека сите официјални лица од САД, меѓу кои претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс, сакаат решение на проблемот со Косово.

„Сакам да му порачам на српскиот народ, дека Америка сака да ја види Србија успешна, ние сакаме мир и безбедност. Сакаме стабилност и просперитет. Нема да наметнуваме никакво решение. Сакам да го поддржиме Вучиќ и да му дадаме простор да изнајде решение. Имате храбар лидер. Тој го сака она што е најдобро за вашиот народ“, рече Џонсон по состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград.

Џонсон заблагодари на гостопримството, а притоа упати и честитки до Србија за економскиот напредок.

Американскиот сенатор изјави дека секогаш постои можност претседателот на САД, Доналд Трамп да ја посети Србија и дека тој ќе ја охрабри ваквата посета.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари