logo
logo
logo

Тргна лицитирањето

Дипломат: СРБИЈА ЌЕ ГО ТРАМПИ КОСОВО ЗА РЕПУБЛИКА СРПСКА

Vecer | 02.05.2021

Дипломат: СРБИЈА ЌЕ ГО ТРАМПИ КОСОВО ЗА РЕПУБЛИКА СРПСКА

Поранешниот дипломат во Босна и Хереговина, Тимоти Лес, смета дека познатиот "нон пејпер" за преуредување на балканските граници по етничка линија излегол од канцеларијата на словенечкиот премиер Јанез Јанша, у дека е документ кој има сериозни намери и последици.

Објавен е како обид за испитување на пулсот на меѓународната заедница по ова прашање, при што дипломатот Тимоти Лес смета дека Србија може да го предаде Косово во замена за Република Српска, објави босанскиот портал Аваз.

Тим0ти Лес вели дека словенечкиот "нон оејпер" е признавање на новата политичка реалност. “Досега се согласувам со сè што сум видео во овој документ. Точно е дека народите во регионот, особено Србите, Албанците и Хрватите сакаат да ги користат националните држави.

Точно е дека интеграцијата на регионот во западните институции е "заглавена" додека не бидат блокирани нивните аспирации за националните држави. И вистина е дека неевропските сили, како што се Русија и Турција, се здобиваат со моќ, вели Тимоти Лрес, лидер на проектот "Студии за дезинтеграција" на Центарот за геополитика на Универзитетот во Кембриџ, коментирајќи ја содржина на нон пејперот, изјави Тимоти Лес за белградски Данас..

Во горенаведениот документ, се поддржува "прекројувањето" на мапата на Западен Балкан, кој, пред сè, подразбира обединување на Косово и Албанија и мирна сецесија на БиХ, со спојување на Република Српска со Србија.

Таков концепт за поделба на регионот по "етнички линии", не е премерно претставен во познатиот нон пејпер, туку најпрво е јавно презентиран и детално објаснет пред две години во Демостат.

"Овој документ дојде од канцеларијата на Јанез Јанеза. Словенците имаат свои интереси на Балканот, го разбираат балканското ментално битие. Европа мора да ја преземе иницијативата на реорганизацијата на Балканот и одлучено е да се започне преку еден таков "нон пејпер" план. Сепак, имплементацијата нема да се случи додека Џо Бајден е на власт во ДСАД ", вели Тимоти Лес.

Тој верува дека Словенците со овој "нон пејпер" одлучиле да ја тестираат меѓународната реакција и да кажат дека цената на Србија да го препушти Косово или Косово без северниот дел околу Митровица е енекција на Република Српска, што би било прифатливо за Србија и нивното национално обединување.

"Она што го гледам во иднина за Западен Балкан се национални држави кои постојат насекаде, овие луѓе во Република  Српска  навистина го сакаат тоа! Додека овие желби не се исполнат, регионот ќе биде напнат и парализиран. Во блиска иднина нема да има реорганизација на регионот, бидејќи Бајден нема да го прифати тоа. Јас не ја исклучувам можноста и за мали конфликти околу Брчко, Мостар или косовска Митровица ", вели Лес.

"Тензиите ќе останат додека не се изврштат промени на границите. Јас не предвидувам војна, но секогаш постои опасност, и ако се случи насилството Бошњаците би сакале да ја бранат БиХ. Единствениот вид на конфликт што може да се случи е повторување на конфликтот од 1999 во Косово, што е политичко самоубиство, смета Тимоти Лес.

Бошњаците немаат армија, босанските Срби ќе имаат проблем со Србија, ќе го изгубат моралниот интегритет. Ако Република Српска се отцепи, Босна и Херцеговина би била во ситуација која Србија сега ја има со Косово. Ситуацијата е променета, луѓето се поделија, постои јасна граница која ги одделува Република Српска од Федерацијата БиХ ", рече Лес.

Тимоти Лес верува дека политиката на европското проширување не успеа бидејќи Франција како една од водечките сили на овој начин и понатаму го губи влијанието.

"Регионот никогаш нема да влезе во ЕУ! 20 години имаше можност, не успеа ", вели Лес.



© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk