Дијалогот помеѓу Белград и Приштина ќе продолжи следната недела

Дијалогот помеѓу Белград и Приштина би требало да продолжи на 26-ти февруари, пренесе РТС.

„Планирано е разговорите во седиштето на Европската Унија да траат два дена, а се претпоставува дека дневниот ред ќе биде сличен на оној од јануари“, наведе РТС.

Состанокот што требаше да се одржи минатиот месец во Брисел беше откажан, по информацијата за убиството на лидерот на граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ.

Согласно агендата, за тој состанок, беше предвидено да се разговара за примената на постигнатиот договор за Заедница на српските општини, слободата на движење, правосудтсвото, енергетиката и други отворени прашања.

Последен состанок на техничко ниво беше одржан во Брисел, на крајот на ноември во 2016-та година.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари