logo
logo
logo

Дијалогот Косово-Србија можеби ќе продолжи во јуни: Нема простор за други грешки во процесот

Vecer | 29.04.2021

Дијалогот Косово-Србија можеби ќе продолжи во јуни: Нема простор за други грешки во процесот

Премиерот на Косово, Албин Курти рече дека во текот на јуни може да го започне дијалогот со Србија.

Курти истакна дека во мај ќе се сретне со опозицијата во Косово за да разговара за дијалогот, додека истакна дека ќе присуствува на работната вечера што ќе биде организирана во мај со лидерите на Балканот во Брисел.

Тој нагласи дека им треба време за да добијат повеќе информации и документи од минатите договори, за добро да го подготват овој дијалог, бидејќи нема простор за други грешки во овој процес, пренесува Телеграфи.

„Следната недела ќе ја одобриме програмата за управување, и планот за работа и тој треба да биде испратен на дискусија до косовскиот парламент. Од друга страна, потребни ни се повеќе информации и документи за минатите договори и процесот воопшто, за да се подготвиме за тоа. Во текот на мај ќе се сретнеме со опозицијата на Косово за да го дадеме нивниот придонес. Ние сакаме да имаме добро подготвен дијалог. Ние не сакаме да правиме грешки, и ова покажува дека го сфаќаме многу сериозно. Тие само сакаат добро подготвен дијалог. Првично во мај ќе ја имаме оваа работна вечера со лидерите на Западен Балкан, а потоа некаде во јуни можеме да започнеме со следното поглавје од дијалогот со присуство на медијатори на ЕУ“, рече Курти за време на заедничката прес-конференција по средбата со високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk