logo
logo
logo

Џорџ Робертсон ургира Бугарија да го укине ветото за Македонија

Vecer | 13.05.2021

Џорџ Робертсон ургира Бугарија да го укине ветото за Македонија

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Робертсон ја потсетил Бугарија дека е потребно да се има попрагматичен пристап кон меѓународните ризици при одбрана на вредностите на Евроатлантската унија.

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон за време на неговото учество на конференцијата Евроатлантскиот Клуб во Софија побара од бугарските власти да ја укинат блокадата на Македонија кон Еевропската Унија. Робертсон потсети дека во времето по приемот на Бугарија во НАТО и ЕУ, луѓето очекуваа членството во овие организации да помогне во запирање на насилството во регионот. Затоа, според него, македонското вето на ЕУ треба да биде укинато.

-Во 2001 година, Македонија беше на работ на граѓански конфликт, но благодарение на интервенцијата на НАТО, ЕУ и ОБСЕ и заслужни луѓе како Борис Трајковски, таа беше запрена и беше потпишан историски мировен договор. Денес, Македонија е 30-та членка на НАТО. Со овој чин Бугарија доби бонус стабилност на нејзината граница, бидејќи крвавиот граѓански конфликт може да претставува ризик за мирот и да влијае на стабилноста надвор од границите на Македонија, во целиот регион, истакна Робертсон.

Претседателот на Евроатлантскиот клуб и поранешен министер за надворешни работи на Бугарија, Соломон Паси, го поддржа повикот на Роберсон и ја нарече Северна Македонија – „нашиот многу добар сосед и пријател“.

На конференцијата на Евроатлантскиот клуб во Софија учествуваа и новите министри за надворешни работи и одбрана на Бугарија Светлан Стоев и Георги Панајотов. Специјален гостин на форумот беше претседателот на Македонија Стево Пендаровски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk