logo
logo
logo

Џикиќ: Побрзо ќе добиете тромбоза во авион на долг лет, отколку ако се вакцинирате со АстраЗенека

Vecer | 09.04.2021

Џикиќ: Побрзо ќе добиете тромбоза во авион на долг лет, отколку ако се вакцинирате со АстраЗенека

Иван Џикиќ, молекуларен биолог и директор на Институтот за биохемија на Гете Универзитетот ви Франкфурт, во интервјуто за хрватската телевизија РТЛ вели дека според податоците што ги имаме досега, помала е веројатноста да добиете длабока тромбоза доколку сте вакцинирани со вакцината на АстраЗенека, отколку ако патувате од Европа во Австралија на тие долги и долги летови.

Шансите за развој на длабока тромбоза кај жените се големи, особено кај оние кои користат контрацептивни средства. Има податоци дека повеќе од 100 милиони жени на возраст од 16 до 30 години користат контрацептивни средства, а шансите за заболување од тромбоза се 0,1 отсто.

Но жените на своја сопствена одговорност го преземаат тој ризик и често се случува да дојде до тешки компликации, а многу почесто до поблаги компликации. Но, компликациите се секогаш тука и треба да се земат како ризик, вели тој.

Според неговите зборови, досега нема податоци дали има и колку се сериозни таквите нус појавите кај другите вакцини. Немаме такви податоци за Фајзер и немаме податоци ниту од САД каде што се вакцинираат со Фајзер и со Модерна.

Во Америка се вакцинирани десетици милиони. Кај нив има други видови на несакани ефекти кои се исто така сериозни и треба да знаеме и за нив. Но, се чини дека проблемите од ваков вид се главно поврзани со АстраЗенека, а не со другите аденовирусни и не со другите РНК вакцини, вели тој.

Тој ги коментираше ограничувањата за АстраЗенека во неколку земји.

Ги почитувам регулаторните тела на сите држави. Секоја држава има свое право, врз основа на податоците со кои располагаат и со појавата на таа длабока тромбоза во генералната популација, да донесат одлука да го заштитат тој мал број на луѓе каде се јавуваат тие проблеми, вели тој и додава:

-Во конкретниот случај со АстраЗенека се уште не знаеме, не разбираме и не можеме да објасниме зошто се појавува тромбоза само на две места, во венозниот синус во мозокот и во дигестивниот ракт. Тоа неразбирање не прави и понатаму да бидеме многу внимателни. Ги поддржувам државите кои сакаат да го заштитат своето население. На пример во Германија од 31 личност каде се појави длабока тромбоза 29 беа жени помпади од 55 години. Тоа е значително поголем број во споредба со бројот што би се појавил во генералната популација. Да се спречат малите шанси тоа да се случи, тој процент од 0,004 отсто, се спречува вакцинирањето на таа популација со таа вакцина, бидејќи имаме и други видови вакцини, вели тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk