logo
logo
logo

Детали за масакрот во Цетиње: 34- годишник си ги убил семејството, најмалку 11 жртви

Vecer | 12.08.2022

Детали за масакрот во Цетиње: 34- годишник си ги убил семејството, најмалку 11 жртви

Според се уште непотврдени информации, во масакрот загинале повеќе од 11 лица, меѓу кои и деца.

Полицијата го убила напаѓачот Вучко Бориловиќ (34). Напаѓачот наводно ја спречувал брзата помош да им пријде на жртвите пред да биде убиен од полицијата.

Според извештаите, тој околу 16 часот пукал со огнено оружје кон сограѓаните зад зградата на Владата.

Причината за крвавиот масакр е најверојатно семеен конфликт. Полицијата се уште нема официјално соопштение.

Од РТЦГ информираат дека покрај 11-те загинати, итно се хоспитализирани шест повредени лица - четворица во болница во Цетиње, а двајца се префрлени во Клиничкиот центар во Подгорица.

Делот од градот во Цетиње каде што се случи масакрот е блокиран, а се собраа голем број граѓани. Полициските сили се засилени во областа. РТЦГ ги пренесува изјавите на сведоците кои велат дека напаѓачот одел низ населбата и пукал во луѓето на кои наишол.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk