logo
logo
logo

Детали за автобуската несреќа во Славнски Брод, 10 лица загинаа, девојче тешко повредено

Vecer | 25.07.2021

Детали за автобуската несреќа во Славнски Брод, 10 лица загинаа, девојче тешко повредено

Десет загинати, 45 повредени од кои осум се во тешка состојба е епилогот од тешката сообраќајка кај Славонски Брод во Хрватска, каде косовски автобус со 60 патници излета од патот.

Официјално досега се загинати 10 патници од косовскиот автобус кој сообраќал на релацијата Приштина – Франкфурт.

„Во автобусот имало 67 патници и двајца возачи. За жал, деветмина патници и еден од возачите загинаа. 44 патници се примени во Општата болница во Славонски Брод каде им се пружа лекарска нега. Од нив, осуммина се потешко повредени, четири лица се веќе оперирани а на останатите и натаму им се прават потребните орегледи. 14 патници и еден од возачите се овде во полициската станица и чекаат сместување во објект кој што треба да им го осигураме“, рече директорот на Цивилната заштита на Хрватска, Дамир Трут.

Министерот за здравство, Вили Берош, појасни дека во автобусот имало 15 малолетни лица. Едно од нив, станува збор за девојка, е меѓу потешко повредените.

Се уште нема информација дали меѓу патниците во автобусот имало и македонски државјани.

Хрватската полиција прво информираше дека се работи за македонски автобус и загинати тројца патници. Но, потоа коригираа дека се работи за косовски автобус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk