Денеска локални избори во Подгорица

Граѓаните на десет црногорски општини, меѓукои и најголемата – Подгорица, денеска избираат претставници на локалната самоуправа.

Право на глас имаат 306.000 избирачи, што е речиси половина од вкупниот број жители.

Само во Подгорица право на глас имаат 130.000 избирачи, што е четвртина од вкупното избирачко тело.

Граѓаните на Подгорица ќе избираат помеѓу 10 изборни листи.

Локалните избори ги надгледуваат домашни набљудувачи.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари