logo
logo
logo

Дедо ПУКАЛ ВО МАЛОЛЕТНИЦИ со воздушна пушка, едно девојче повредено - Ужас во Загреб

Vecer | 15.01.2022

Дедо ПУКАЛ ВО МАЛОЛЕТНИЦИ со воздушна пушка, едно девојче повредено - Ужас во Загреб

Полицијата во Загреб по завршување на истрагата за 70-годишниот маж, осомничен дека пукал со воздушна пушка во група малолетници, на истиот му е одреден притвор, соопшти загрепската полициска управа.

Според хрватското законодавство, кривичната истрага е водена поради постоење основи на сомнение за кривично дело загрозување на животот и имотот со општо опасно дело или средство, согласно хрватското законодавство.

Се сомнева дека 70-годишникот испукал неколку истрели од воздушна пушка калибар 4,5 мм кон неколку малолетни лица во четвртокот, на 13 јануари, околу 18.30 часот во загрепската населба Трешњевка. Притоа, еден истрел погодил малолетничка во потколеницата и полесно ја повредил.

По кривичната истрага, осомничениот е предаден на надзорникот на притворот, а посебен извештај е поднесен до надлежното државно обвинителство, соопшти загрепската полиција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk