Во Македонија просечната нето плата за септември  по вработен изнесува 28 869 денари или околу 469 евра.

Просечната септемвриска нето плата во Србија била 65.218 динари (околу 555 евра)

Номинално е повисока за 9,2 отсто или реално за 3,3 отсто во однос на истиот месец во 2020 година, објави Републичкиот завод за статистика.

Просечната бруто-плата за септември изнесува 89.980 динари, со номинален пораст од 9,0 отсто, а реален пораст од 3,1 отсто на годишно ниво.

Септемвриската медијана плата во септември изнесувала 50.000 динари, што значи дека 50 отсто од вработените заработиле до наведената сума.

Растот на бруто-платите во периодот јануари-септември 2021 година, во однос на истиот период лани, номинално изнесува 8,6 отсто или реално 5,4 отсто.

Истовремено, нето-платите во периодот номинално се зголемени за 8,8 отсто, а реално за 5,6 отсто.