logo
logo
logo

Дали зад тројното убиство на Ѓокиќ стои СЕКТА?!

Vecer | 07.10.2021

Дали зад тројното убиство на Ѓокиќ стои СЕКТА?!

Во селото се вели дека биле пресретнати од членови на сектата и регрутирани за пари. Искрено, се надевам дека тоа не е вистина. Беа убави луѓе, културни и живееја, колку што знам, мирен живот, велат соседи.

Семејството Ѓокиќ, кое беше брутално убиено во атарот на селото Моравац, Србија денеска беше погребано на гробиштата во Шитковац.

Ова тричлено семејство беше убиено на 26 септември, неколку минути по полноќ, кога се враќале дома од селото каде што биле на гости.

Инаку, поради оваа трагедија, денеска во Алексинац е ден на жалост, а знамињата беа спуштени на половина копје. Тричленото семејство беше закопано во иста гробница, заедно, исто како што загинаа, а за Лидија, ќерката до белиот ковчег беше донесен бел крст.

Сите се прашуваат кој го уби Ѓокиќ?, пишуваат српските медиуми.

Новинарите кои денеска беа на лице место имаа можност да слушнат разни теории. Една од оние од кои произлегува хоророт е дека членовите на ова семејство биле регрутирани од секта, со цел да им земат пари. Познато е дека имале менувачница во Алексинац, се шпекулираше за голема сума пари. Медиумите објавија и дека Горан носел до 100 илјади евра со себе.

– Во селото се вели дека биле пресретнати од членови на сектата и регрутирани за пари. Искрено, се надевам дека тоа не е вистина. Беа убави луѓе, културни и живееја, колку што знам, мирен живот. Сега, исто така, читам разни теории во весниците, но ќе видиме што навистина се случило. Ја имаа таа менувачница, но никој никогаш не им се закани – вели еден од соседите.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk