logo
logo
logo

Дали Србите ги сметаат Македонците за братски народ? Еве што вели анкетата

Vecer | 30.06.2022

Дали Србите ги сметаат Македонците за братски народ? Еве што вели анкетата

На анкета во Србија секој трет испитаник рекол дека најблиски им се Црногорците, четвртина за најблиски ги сметаат Македонците и петтина од испитаниците рекле дека тоа се Унгарците и Бошњаците

Српскиот претседател Александар Вучиќ е само еден процент попопуларен од рускиот претседател Владимир Путин, што значи дека Путин би влегол во втор круг кога би можел да се кандидира на претседателски избори во Србија, а можеби и би го победил Вучиќ, рече денеска Зоран Пановиќ на презентацијата на истражувањето на „Демостат“, пренесува Н1.

Анкетата покажа дека претседателот на Република Српска, Милорад Додик, е најпопуларниот српски лидер по Вучиќ, а граѓаните го доживуваат унгарскиот премиер Виктор Орбан како домашен лидер.

Вучиќ неколку пати кажа дека Србија е најпопуларна земја во Македонија, а Србите се најблиски на Македонците, и обратно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk