logo
logo
logo

Дачиќ: Нема да се кандидирам за претседател, не сакам да ја загрозам победата на Вучиќ

Vecer | 21.01.2022

Дачиќ: Нема да се кандидирам за претседател, не сакам да ја загрозам победата на Вучиќ

Претседателот на СПС Ивица Дачиќ изјави дека нема да се кандидира за претседател на Србија на претстојните избори.

Тој за ТВ Пинк изјави дека тоа нема да го направи бидејќи тоа не сака да ја загрози можноста за победа на актуелниот претседател Александар Вучиќ во првиот круг од изборите.

„Соработуваме десет години и не сакам да се толкува дека сум на страната на оние кои сакаат да го соборат. Се обидуваме да победиме во првиот круг“, изјави Дачиќ за ТВ Пинк.

Дачиќ рече дека одлуката за тоа дали СПС ќе излезе на изборите самостојно или во коалиција со Српската напредна партија (СНС) ќе биде донесена врз основа на анкети на јавното мислење до 1-ви февруари.

Тој изјави дека СПС ќе го поддржи Александар Вучиќ за вториот мандат како претседател на Србија доколку тој се кандидира, но дека во спротивно таа партија ќе има свој кандидат.

Коментирајќи ги наводите на некои опозициски партии дека е фалсификуван дел од гласовите на референдумот за промена на Уставот на Србија, Дачиќ оцени дека „се бара алиби“ пред претстојните избори, кои треба да се распишат на 15 февруари.

Дачиќ додаде дека денеска на состанок на Контролното тело за спроведување на договорите од меѓупартискиот дијалог со некои опозициски партии ќе се разговара за сет изборни закони.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk