logo
logo
logo

Да се ЗАТВОРИ се на ПЕТ ДЕНА, најава за нови РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ!

Vecer | 24.02.2021

Да се ЗАТВОРИ се на ПЕТ ДЕНА, најава за нови РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ!

На соседна Србија и се закануваат нови рестриктивни мерки, за кои ќе се решава во петок кога е закажана новата седница на Кризниот штаб. Тогаш ќе биде разгледан предлогот за работното време на угостителските објекти и трговските центри и начинот на кој тие ќе продолжат да работат.

- Се разгледуваше за викендите да се затворат сите ресторани во ски центрите, но до петок се останува како и до сега. Тогаш ќе се разгледа и предлогот за тоа до колку часот ќе работат трговските центри за време на викендите, велат од Кризниот штаб.

Доктор Предраг Кон пак, на почетокот на денешната седница на Криазниот штаб се откажал од идејата за скратување на работното време до 18 часот и предложил ништо да не работи во следните два викенда.

- Во петок ќе се расправа за моделите за реагирање за време на викендите и за тоа ќе се донесе одлука. Јасно е проценето дека епидемиолошката ситуација и понатаму се влошува и затоа е неопходно максимално да се засили контролата. Ќе се засили и надзорот и во школите, рекол Кон по денешната седница.

Медицинскиот дел на Кризниот штаб е за затворање на 5 дена

Епидемиологот Предраг Кон се осврнал и на порастот на бројот на новозаразени што вчера изнесувал повеќе од 3200.

- Имаме забрана за собирања, но тие се случуваат. Очигледно не може се да се почитува. Имам обврска да кажам дека многу сум загрижен и можно е да се очекува зголемување на бројките во следните десетина дена. Ќе ја следиме ситуацијата и ќе реагираме најдобро што знаеме и умееме. Медицинскиот дел на кризниот штаб попрво би затворил се на пет дена, но не во смисла на полициски час, додал Кон, кој уште вели дека тоа би била најефикасна мерка, но е невозможно да се спрведе.

Како што, вели уште за викендите мора да се преземат некои мерки, затоа што вирусот се уште масовно циркулира.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk