Епидемиолошката состојба во Србија се влошува и тој тренд ќе продолжи и во август, изјави утрово д-р Предраг Кон, член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот.

Според него почетокот на училишната година е многу важен и ако во земјата нема доволно вакцинирани, во прашање ќе биде доведен и тој процес.

– Не може да го занемарите фактот дека постои вакцина која може да им се дава на постари од 12 години и таа е препрачана. Целиот живот ни зависи од вакцинацијата, нагласи епидемиологот во гостувањето на ТВ Пинк.

Порастот на бројот на заболени, според него е поради опуштањето на луѓето и непочитувањето на мерките.

– Сега има над 300 хоспитализирани и секој размислува „нема мене да ми се случи“, не ги прифаќаат новите информации, тоа е класично забивање на главата во песок, посебено кај младите. Она што од друга страна е факт, е дека имаме голем број на имуни, но и измени на вирусот. Тоа го гледаме во Израел каде заболуваат и имунизираните, но немаат тешка форма на болеста. Израел лесно се објаснува зошто се поголем е бројот на вакцинирани па во вкупниот број на заразени има се повеќе вакцинирани, а заразени зошто тука доаѓа до пробивање на имунитетот, објасни д-р Кон.

Тој зборуваше и за можноста да се воведе трета доза која би следувала шест месеци по првата вакцина.

– За тоа ќе зборуваме на Кризниот штаб. Препораката е врзана за вакцините базирани на РНК, а тоа се Фајзер и Модерна, и тоа се вакцини кои досега се најмногу испитувани и објавени се најмногу резултати. За било која вакцина примена досега, се препорачува како трета доза некоја од овие две, рече д-р Кон нагласувајќу дека Кризниот штаб немал состанок на оваа тема, тука тоа се негови согледувања врз основа на она што го прочитал.

Д-р Кон очекува и во август да продолжи да расте бројот на заболени, со оглед на тоа што има враќање од летување и не толку вакцинирани колку што е потребно во Србија за да се стекне колективен имунитет.

– Сосема е јасно дека кај нас ќе дојде повторно до четирцифрени броеви дневно, тоа е потполно јасно. Само очигледно е присутна е една мирна ситуација во текот на летото зошто бројките се прилично мали и не се гледаат пополнети болници. Никој не го доживува она што може да се очеквуа и да се случи. Изгубено е време од месец ипол за вакцинирање, не се прави кога има подем зошто тогаш и самата вакцинација претставува ризик. Вакцинацијата најуспешно се спроведува тогаш кога се е мирно, а ние тој момент го испуштивеме, рече д-р Кон додавајќи дека пикот зависи од вакцинацијата.

Според него повеќето од новозаразените се невакцинирани, а многу помалку има меѓу вакцинираните.