logo
logo
logo

Црна роза пустоши по Србија, позади сето тоа стои ужасна приказна! Децата посебно се во опасност

Vecer | 06.02.2021

Црна роза пустоши по Србија, позади сето тоа стои ужасна приказна! Децата посебно се во опасност

Целта на сектата е да извлечат некоја корист за себе, а децата им се особено погодни за малтретирање и жртвување

Неодамна се појавила информација дека во Лесковац озлогласена секта Црна роза врбува млади да и се приклучат.

Што е Црна роза и како делува и кои се нејзини жртви открил сектологот Слаѓан Мијаљевиќ.

- Тоа се ограноци на некои големи секти, тоа е сатенистичка секта, и кој сака да се експонира во друштво, особено оние кои слушаат некоја метал музика, носат маици со сатанистички мотиви. Прашање е колку тоа сега е сериозен култ, но постојат деца кои тука можат да настрадат. Секогаш врбуваат деца бидејќи тие не се дораснати за своја возраст. Секогаш сакаат нешто ново да пробаат – вели Слаѓан

Тој открива дека целта на сектата е да извлечат некоја голема корист за себе, а децата особено им се погодни за малтретирање и жртвување.

- Некои настрадуваат, а некои со голема среќасе извлекуваат. Освен деца врбуваат и видни луѓе во општеството, познати, кои, врбуваат богати луѓе за да имаат од што да живеат. Некои одбираат и дечиња, и тие секогаш се успешни жртви. Нивните организации постојат за да имаат жртви, за да можат да ги малтретираат и жртвуваат децата на посебен начин – зборува сектологот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk