Ципрас и Каменос ќе се состанат утре

Состанокот помеѓу грчкиот премиер, Алексис Ципрас и неговиот помал коалициски партнер, Панос Каменос, е закажан за утре, соопштија грчките медиуми.

Средбата на која двете страни ќе дискутираат за иднината на нивната соработка во Владата, ќе се случува во 10.30 часот по локлано време.

Лидерот на „Независни Грци“ и грчкиот премиер, требаше да се сретнат вчера, но како што рече Каменос, состанокот бил одложен бидејќи двајцата се договориле да почекаат да заврши процесот на уставните измени во македонското Собрание.

Каменос истакна дека единствена разлика во коалициската Влада е прашањето за името.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари