Ципрас: Договорот од Преспа помага Солун да добие лидерска улога во регионот (ВИДЕО)

За реализирање на визијата за поинаков Солун, за Солун лидер на Балканот и основна трговска, транспортна, енергетска и економска точка во регионот, помага и Договорот од Преспа, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на средбата со администрацијата на Меѓународниот саем.

Ципрас овогодинешниот саем го карактеризираше како историски бидејќи е прв во пост меморандумскиот период, а говореше и за визијата, Солун да стане економска и трговска престолнина на Балканот.

- Првиот чекор за ова е (Солун) да добие лидерска улога на Балканот и во рамките на оваа цел, за да ја реализираме оваа визија, длабоко верувам дека е договорот со поранешната југословенска Република Македонија што менува насока и ориентација на градот и на Северна Грција. Запира Солун и Северна Грција да се со свртен грб кон просторот што економски и трговски е од витално значење, а тоа се соседните земји и се ориентира за да стане основна трговска, транспортна, енергетска, економска точка на Балканот, а Солун да биде прво пристаниште на Балканот, ова е прв чекор за да имаме визија за еден поинаков Солун, рече Алексис Ципрас

Поврзани

Најнови вести

Коментари