logo
logo
logo

Чиј пасош е најмоќен...: Објавена нова ранг листа

Vecer | 11.01.2023

Чиј пасош е најмоќен...: Објавена нова ранг листа

Од земјите во регионот само српскиот пасош е на 38. место на рангирањето и со него без виза може да се патува во 136 земји во светот.

Жителите на три азиски земји, на чело со Јапонија, имаат најголема слобода на патување, покажуваат податоците од новиот квартален извештај на компанијата „Хенли Пасопорт Индекс“ за 2023 година за најмоќните пасоши.

Јапонските граѓани уживаат безвизен пристап или пристап по барање до 193 земји, а потоа следат Сингапур и Јужна Кореја, чии граѓани можат слободно да посетат 192 земји со своите пасоши, пренесува Си-Ен-Ен.

По нив следуваат Германија и Шпанија чии граѓани можат да патуваат во 190 земји, а потоа следат Финска, Италија и Луксембург од каде можат слободно да патуваат во 189 земји. Австрија, Данска, Холандија и Шведска се на петтото место, додека Франција, Ирска, Португалија и Обединетото Кралство се на шестото место.

Нов Зеланд и САД се на седмото место заедно со Белгија, Норвешка, Швајцарија и Чешка.

Авганистанските граѓани повторно се на дното на индексот и можат да посетат само 27 земји без претходно да аплицираат за виза.

Со српски пасош, според овој индекс, може да се патува во 136 земји во светот без виза, па се наоѓа на 38. место.

Индексот опфаќа 199 различни пасоши и 227 различни дестинации

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk