Четири лица загинаа во поплави во Романија

Најмалку четири лица, од кои две деца, загинаа во поплави во источна Романија, соопштија денеска романските власти.

Инспекторатот за вонредни состојби истакна дека се работи за две постари жени и нивните внуци кои во моментот на надоаѓањето на водата, се наоѓале во запрежно возило.

Спасувачите ја пребарале реката и ги извлекле телата на две 58-годишни жени, четиригодишно момче и седумгодишно девојче. Обидите за нивна реанимација завршиле безуспешно.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари