logo
logo
logo

Честитка од МД „Илинден" Тирана по повод празникот Свети Климент Охридски

Vecer | 07.12.2021

Честитка од МД „Илинден" Тирана по повод празникот Свети Климент Охридски

 По повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, македонското друштво „Илинден" – Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, господин, господин Стефан и до сите Македонци каде и да се наоѓаат.

-Од мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија упатуваме честитки по повод утрешниот голем христијански празник, денот на Свети Климент Охридски чудотворец – учителот и просветителот кој е доказ дека љубовта се мери според жртвата. Честитајќи им го празникот на г.г. Стефан, на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, и на сите верници посакуваме денот посветен на патронот на МПЦ-ОА да го поминат во добро здравје, стои меѓу другото во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.

Се додава дека огромна е почитта кон Свети Климент Охридски, кој остави не само големо духовно и просветителско наследство, туку и со личен пример на дело покажа што значи милост, трудољубивост, трпение и солидарност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk