logo
logo
logo

Чекајќи слободен кревет двајца пациенти ПОЧИНАА во чекална во Загребачка клиника

Vecer | 25.03.2023

Чекајќи слободен кревет двајца пациенти ПОЧИНАА во чекална во Загребачка клиника

Двајца пациенти во последните неколку недели починале во слични околности во Клиничката болница „Свети Дух“ во Загреб, оставени да лежат на транспортни колички во чекалната на ургентното одделение, пишува „Индекс“.

Едниот пациент бил пронајден мртов во чекалната од членовите на семејството, другиот од екипа на брзата помош.

Како што дознава „Индекс“, и двајцата пациенти биле примени во итната медицинска помош, по што биле ставени на лежечки транспортни колички и оставени да чекаат во чекалната, бидејќи немало слободни кревети.

Првиот случај се случил ноќта меѓу 20 и 21 февруари. Станува збор за пациент кој бил оставен во чекалната и кој утрото бил пронајден мртов од членовите на неговото семејство.

Неколку дена подоцна, имало сличен случај и со друг пациент. Откако му била укажана помош, за пациентот, кој исто така чекал во чекалната, повторно била повикана брза помош. Вработените во медицинскиот транспорт го пронашле човекот мртов. Во двата случаи смртта на пациентите најпрво ја забележале надворешни лица, односно семејството на починатиот и вработените во медицинскиот транспорт, а дури потоа персоналот во болницата.

Од болницата велат дека немало лекарска грешка во случаите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk