Бушати: Русија сака да го зголеми влијанието во регионот

Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати изјави дека утрешниот Самит во Софија се одржува во екот на настојувањето на Русија да го зголеми своето влијание во регионот.

„Русија се спротивставува на ширењето на НАТО во регионот и настојува да ги сузбие проевропските реформи“, изјави Бушати за бриселскиот портал „ЕУОбсервер“.

Бушати рече дека Москва не пропушта можност кога станува збор за регионалните проблеми и дека Западот би требало да внимава на вмешување на Русија во земјите кои се предводници во процесот на пристапување ЕУ – Македонија, Црна Гора и Србија, бидејќи Москва е подготвена да поттикне националистичка напнатост за да спречи напредок.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари