Бугарскиот премиер Кирил Петков ја поднесе оставката во народното собрание

Владата на Петков остана на власт нешто повеќе од шест месеци и беше соборена со гласање недоверба минатата недела со 124 гласа од ГЕРБ, ДПС, Преродба и групата Има таков народ.
Шефот на државата Румен Радев ќе започне консултации со претставниците на пратеничките групи за да го врачи мандатот за формирање нова влада во рамките на актуелниот парламент.
Вчера Петков рече дека по добивањето на мандатот од претседателот, во истиот состав ќе биде и кабинетот што ќе го предложи.
Рече и дека е подготвен да разговара и со други пратеници од пратеничките групи.
Во меѓувреме, ден пред оставката, бугарскиот премиер Петков порачува дека Софија веќе е ослободена од одговорноста, а изборот за иднината сега е кај Македонија…