logo
logo
logo

Бугарскиот парламент ќе расправа за францускиот предлог

Vecer | 24.06.2022

Бугарскиот парламент ќе расправа за францускиот предлог

Народното собрание на Бугарија денеска како прва точка од дневниот ред ќе расправа за усвојувањето одлука со која се одобрува предлогот на француското претседателство со ЕУ за преговарачка рамка за Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Софија.

Повеќе од три и пол часа членовите на парламентарната Комисија за надворешни работи синоќа дебатираа за трите предложени решенија. Не успеаја да ги спојат предлозите во еден, но го поддржаа предлогот на Демократска Бугарија и Христо Иванов.

Главниот аргумент на владејачката Продолжуваме со промената да не ги поддржи другите две предлог-одлуки е да нема шпекулации дека гласале заедно со ГЕРБ и Движењето за права и слободи.

Има таков народ, БСП и Преродба рекоа дека нема да ја поддржат одлуката бидејќи се разликува од она што досега го усвои бугарскиот Парламент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk