Бугарски воен хеликоптер се урна кај Пловдив, загинаа двајца пилоти

Двајца пилоти загинаа, а еден член на екипажот е повреден откако бугарски воен хеликоптер се урна во воздухопловната база кај бугарскиот град Пловдив, соопшти Министерството за одбрана.

Хеликоптерот од руско производство Ми-17 летал околу 50 метри над базата Крумово, кога се урнал околу 20.30 часот по локално време, се наведува во соопштението, со напомена дека истрагата за инцидентот е во тек.

Минатата година, воен хеликоптер се урна во Црното море кај бугарскиот брег за време на тактички вежби, при што загина еден офицер, додека двајца беа повредени.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари