logo
logo
logo

Бугарски новинар тврди: Србите ГО СОБОРИЈА БУГАРСКИОТ МИГ-29, Србија е вториот главен геополитички противник на Бугарија

Vecer | 24.06.2021

Бугарски новинар тврди: Србите ГО СОБОРИЈА БУГАРСКИОТ МИГ-29, Србија е вториот главен геополитички противник на Бугарија

Бугарскиот новинар и писател Григор Лилов изнесе теорија за падот на бугарскиот авион МиГ-29, кој се урна на 9 јуни за време на заедничките воени вежби со Србија.

За време на тактичките воени вежби „Шабла-21“ во Црното Море во Бугарија, на 9 јуни, падна ловец МиГ-29, а пилотот го загуби животот. Причината за несреќата сè уште не е утврдена, а  на воените вежби од 4 јуни имало и  претставници на српската армија во Бугарија.

Лилов ги обвини Србите и српската војска за несреќата.

„Воените вежби на српската армија во Бугарија, на полигонот недалеку од градот Шабла, и веројатноста дека нашиот МиГ може да ја собори ракетата С-125 Нева, лансирана од Србите, требаше да биде тема на жива политичка дискусија , особено пред парламентарните избори. немаше дискусија. Сите партии, медиуми, коментатори молчат “, напиша тој на Фејсбук.

Григол Лилов рече дека руско-српските односи треба да предизвикаат загриженост во Бугарија. Тој исто така изрази загриженост дека Бугарија дозволува нејзиниот воздушен простор да се користи за испорака на руско оружје до Србија, и покрај ембаргото воведено против Русија.

На оние што се нарекуваат „патриоти“ и страдаат од руско-српски односи, им велам: Србија е втор главен геополитички противник на Бугарија. Српското вооружување е и онака сконцентрирано долж нашите граници за да им овозможуваме дополнителни услови – испорака преку нашата територија и вежби на нашиот полигон со наша војска да научат како да не победат, напиша тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk