logo
logo
logo

Бугарски новинар: Има ли ПЛЕМЕ во историјата ПОНЕБЛАГОДАРНО ОД БУГАРИТЕ?

Vecer | 22.11.2022

Бугарски новинар: Има ли ПЛЕМЕ во историјата ПОНЕБЛАГОДАРНО ОД БУГАРИТЕ?

Одлуката на Бугарија да се приклучи на тужбата на Украина против Русија во Хашкиот суд претставува неблагодарност, смета експертот за меѓународно право, Велизар Енчев.

Според него, судењето на Русија во сегашната ситуација е исто како и судењето за „агресија врз Отоманската империја во 1877 година“. Како резултат на Руско-турската војна, Бугарија беше ослободена по речиси пет века под власта на Отоманската империја.

„Доаѓа време кога бугарското племе значајно ќе го исполни иконскиот термин „црна неблагодарност“. Врз основа на оваа логика, зошто да не ја осудиме „агресијата“ на Руската империјална армија во 1877 година против легитимната Отоманска империја?“, напиша новинарот на своите социјални мрежи.

Енчев истакна дека Третото бугарско царство било резултат на „руската агресија“ за време на Руско-турската војна.

„Има ли племе во историјата понеблагодарно од Бугарите?“, заклучува Енчев.

Минатата недела Бугарија поднесе декларација за приклучување кон случајот на Украина, во кој Русија се обвини дека ја прекршила Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk