logo
logo
logo

Бугарски неврохирург Габровски предложен за премиер од страна на ГЕРБ

Vecer | 05.12.2022

Бугарски неврохирург Габровски предложен за премиер од страна на ГЕРБ

Габровски е началник на клиниката за неврохирургија во најголемата болница за итни интервенции „пирогов” во Бугарија.

Радев на Габровски му соопшти дека очекува во рок од седум дена да предложи состав за нова бугарска влада што ќе ги исполни високите очекувања на јавноста за стабилност, стручност и одговорност.

Габровски од своја страна кажа дека за него е должност и прашање на чест да вложи максимални напори Бугарија да има функционална влада.

За жал, бугарија во моментов е на раскрсница на многу кризи – економски, социјални, имаме сериозен мигрантски притисок, кажа Габровски.

Даниел Лаурер од „промените продолжуваат” коментираше дека неговата партија нема да поддржи влада на ГЕРБ, а лидерката на бугарските социјалисти нинова дека нема да поддржат влада со првиот мандат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk