БУГАРСКИ ЌОТЕК: Се степаа пратениците во бугарскиот парламент (Видео)

На денешната седница во бугарското Народното собрание дојде до тепачка помеѓу пратениците по декларација на партијата „Преродба“ (Вазраждане), која повторно повика партијата „Продолжуваме со промените“ да го напушти парламентот бидејќи, според нив, дозволиле државата ја преземат странските амбасади.
Како што пренесува БНТ 1, ПП-ДБ возвратија дека „Преродба“ се проруска партија. Првичната размена на реплики, која прерасна во тепачка, а микрофоните во салата беа исклучени, бидејќи беше најавена пауза.
На предлог на претседателот на Народното собрание, Росен Жељазков, седницата на парламентот е прекината со 140 гласа.
Видеото од инцидентот можете да го погледнете ОВДЕ.