logo
logo
logo

Бугарски истражители: Автобусот не превезувал експлозивни средства или хемикалии

Vecer | 03.12.2021

Бугарски истражители: Автобусот не превезувал експлозивни средства или хемикалии

 Двајцата посочија дека утврдена е причината за избувнувањето на пожарот, но одбија да ги откријат сите детали пред објавувањето на официјалните извештаи. Сепак, најавија дека очекуваат вештачењата да завршат најрано до крајот на месецот.

-На еден неспорен начин се утврди дека нема никакви траги експлозивни направи и пиротехнички средства. / При разгледувањето на доказите до оваа етапа, нема дури ниту минимални податоци дека такви туби со бензин се пренесувале. По однос на другите информации во други медиуми дека во автобусот имало материјали за производство на наркотици, таа верзија е толку несериозна што не заслужува да биде коментирана. / Експлозивни направи, пиротехнички средства и бензин, категорично ви тврдам дека во автобусот не се пронајдени такви нешта,- Бисер Михајлов – Бугарски обвинител..

Причината за несреќата според Михајлов и Маринов е првичниот удар во десната баника на патот за кој велат дека се уште се утврдува. Но, основната претпоставка е дека тоа е резултат на неприлагодена брзина на условите на пратот, покрај веќе утврдените недостатоци на патот и сообраќајната сигнализација кои според нив иако имале влијание, не биле пресудни за несреќата.

-Автобус од 18 тони нема што да го запре. Деветте столбови кои ја држат банкината се искршени како чкорчиња од кибрит, и банкината влегла внатре, го пробива резервоарот со гориво, кој што е пластичен и можете да си претставите какви искри избиле од триењето.Мариан Маринов – истражител. 

Бугарскиот истражител Маринов откри и дека на автобусот кој бил направен во 2007 година му бил направен ремонт во Турција, а во таа прилика речиси цела опрема била променета, со друга која не била фабричка, а за која дополнително ќе се утврдува дали воопшто одговарала и на потребните стандарди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk