logo
logo
logo

Бугарите не го сфатиле сериозно Гаспром ДЕКА ЌЕ ИМ ПРЕКИНЕ ГАС

Vecer | 10.08.2022

Бугарите не го сфатиле сериозно Гаспром ДЕКА ЌЕ ИМ ПРЕКИНЕ ГАС

Извршниот директор на „Булгаргаз“ Људмил Јоцов за одбивањето на „Гаспром“ да испорача гориво вели дека  го сфатиле како шега.

„Во Бугарија веднаш не ја сфатија сериозноста на намерите на Гаспром да ја прекине испораката на гас, пишува порталот „Дневник“ повикувајќи се на извршниот директор на „Булгаргаз“ Људмил Јоцов.

Јоцов на сличен начин го објасни и поскапувањето на природниот гас.

Според новинарите на „Дневник“, Иван Иванов, првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси, упати критики до директорот на Булгаргаз за неговата индолентност.

- Бевте предупредени, не верувавте, но како прв човек на најголемата гасна компанија во Бугарија требаше да интервенирате не само со апел до Министерскиот совет - рече Иванов.

- Да бидам искрен, мислевме дека е шега - му одговорил Јоцов.

„Гаспром“ од 27 април ги прекина испораките на бугарската компанија „Булгаргаз“ поради неплаќање во рубљи и одлуката на Москва да премине на пресметките во руската национална валута со непријателските земји.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk