logo
logo
logo

Бугарија руши рекорди на новозаразени и починати од Ковид

Vecer | 26.10.2021

Бугарија руши рекорди на новозаразени и починати од Ковид

Бугарија, која има најнизок процент на вакцинирана популација во ЕУ, во вторникот пријави рекорден дневен број на инфекции и смртни случаи од коронавирус.

Во последните 24 часа во Бугарија со коронавирус се заразени 5.863 лица, а 243 починале, покажуваат официјалните податоци таму. Досега од Ковид-19 починале 23.316 луѓе во земјата, која има околу 7 милиони жители.

Бугарија воведе задолжителни здравствени пропусници за повеќето затворени јавни места поради ширењето на инфекцијата и слабата покриеност со вакцинација.

Ограничувањата предизвикаа протести, а некои политички партии ја обвинија преодната влада за лошо управување со пандемијата пред изборите на 14 ноември.

Здравствените служби предупредија дека ако новиот бран  не забави, ограничувањата би можеле да бидат уште поголеми бидејќи болничкиот систем сè потешко се справува со толку многу пациенти.

Во моментов, има повеќе од 7.100 лица на болничките одделенија за ковид, од кои 608 се на одделенијата за интензивна нега. Според податоците, повеќе од 90 отсто од пациентите не се вакцинирани.

Бројот на вакцинирани почна да се зголемува од минатиот четврток кога властите го ограничија влезот на многу јавни места. Само оние кои се вакцинирани, кои имаат негативен негативен ПЦР или потврда за прележана инфекција може да влезат во ресторани, кина, спортски сали итн.

И покрај тоа, бројот на вакцинирани е сè уште низок. Како главни причини за скептицизам кон вакцината се сметаат недовербата на граѓаните кон државата и контрадикторните пораки од политичарите и експертите. Во Бугарија досега целосно се вакцинирани само 24 отсто од населението, додека просекот во ЕУ е 74 отсто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk