logo
logo
logo

БУГАРИЈА НЕМА ВООПШТО МАЛЦИНСТВА ВО УСТАВОТ, а од нас бара уставни Бугари

Vecer | 19.01.2022

БУГАРИЈА НЕМА ВООПШТО МАЛЦИНСТВА ВО УСТАВОТ, а од нас бара уставни Бугари

Република Бугарија во својот Устав не признава малцинства, бидејќи сите граѓани ги става како еднакви пред законот и не признава колективни права. Токму затоа дури и партиите кои ги претставуваат Турците кои живеат во Бугарија во своето име никаде не содржат Турција или Турци.

Со тоа што во Уставот не се признаваат и гарантираат колективни права, ниту Македонците ни Турците не може да регистрираат и да се организираат во организации кои се центрирани околу нивниот идентитет.

Во Бугарија, според официјалните државни податоци, живеат околу 8,8 отсто Турци, а партијата Движење за права и слободи, која е формирана како Турско Национално движење за слобода. Сепак, таа е регистрирана како независна јавна и политичка организација, основана со цел да придонесе за единство на сите бугарски државјани.

Уставот на Република Бугарија, донесен во 1991 година ја дефинира државата како унитарна парламентарна република која гарантира еднаквост на сите нејзини граѓани. Според Уставот, секој граѓнин има право да се чувствува како што сака, но тој не гарантира и заштитува колективни и малцински права.

Според бугарскиот устав, сите се еднакви пред законот.

На овој начин, Република Бугарија воспоставува на третирање на граѓаните како индивидуи, не гледајќи ги нивните етнички, религиски или јазични различности. Ваквата практика, иако несвојствена за регионот, се обидува сите граѓани да ги третира еднакво, обидјувајќи се да ја намали дискриминацијата.

Бугарскиот устав се базира на Уставот на Франција од 1958 година, кој во својот прв Член истакнува дека гарантира еднаквост на сите граѓани пред законот, без разлика на нивното потекло, раса или религија.

Францускиот устав од 1958 година

Француската држава не го користи терминот малцинства и забранува било каква форма на специјални мерки за национални, етнички, религиски или јазични групи. Франција и на меѓународно ниво е позната по нивните ставови за малцински права, објаснувајќи го тоа со „републиканскиот модел“ и интеграција на сите граѓани како еднакви пред законот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk