logo
logo
logo

Бугарија конечно доби нова влада на чело со Денков

Vecer | 06.06.2023

Бугарија конечно доби нова влада на чело со Денков

Новата влада, главно составена од експерти предводени од научникот Николај Денков, лесно доби одобрение од парламентот, каде има 132 од 240 пратенички места. Денков, во своите шеесетти, поранешен министер за образование, избран од либералната реформистичка коалиција ЦК/БД, ќе биде премиер девет месеци.

Во работата ќе му помага поранешната еврокомесарка Марија Габриел, која беше предложена од конзервативната партија Герб. 44-годишната функционерка ќе го води одделот за надворешни работи додека не го преземе кормилото на владата во март 2024 година.

Двете политички сили, врзани на парламентарните избори на 2 април, објавија на 22 мај дека постигнале договор со кој ставиле крај на политичката криза што не била видена од падот на комунизмот во 1989 година.

Но, поранешните премиери и ривали Бојко Борисов (Герб) и Кирил Петков (ЦК) решија да го остават своето несогласување настрана поради катастрофалната ситуација во која се најде земјата, членка на ЕУ и НАТО.

Нив ги обединува проевропскиот став во однос на војната во Украина, иако земјата, длабоко поделена, е историски блиска до Москва. Нивната политика, значи, мора да се дистанцира од политиката на преодните влади, кои за време на мандатот на претседателот Румен Радев, познат русофил, не сакаа да испратат директна воена помош во Киев.

Последниот ја критикуваше таа коалиција во парламентот, повикувајќи ја „да не ги изневерува државните интереси“. Меѓу приоритетите на новата влада е и гласањето на буџетот, кое доцни поради политички спорови. За министер за финансии и европски фондови е назначен Асен Василев, образован на Харвард.

Новата влада, исто така, сака да го реформира судството со цел подобра борба против корупцијата и си постави за цел што поскоро да влезе во еврозоната и Шенген зоната на слободно движење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk