Претседателот Румен Радев ова го изјави како одговор на прашање од БГНЕС дали во селото Баница ќе биде поставена спомен плоча на Гоце Делчев, пишува бугарската агенција .

„Бугарија и Грција ги оставија настрана сите противречности во минатото и во моментов се модел и пример за стратешко партнерство и разбирање, рече и шефот на бугарската држава. Не гледам проблем, Грција, која е суверена држава, и се грижи за спомениците на нејзината територија, треба да даде можност за таков споменик, особено што Гоце Делчев е бранител на слободата на сите луѓе, без разлика во која земја живееле, рече Радев. „За мене иднината на светот е како територија за културна соработка“, ги цитираше шефот на државата зборовите на Гоце Делчев и посочи дека токму тоа го прават денеска со Република Грција.

Доколку има барање за поставување спомен плоча на Гоце Делчев во серското село Баница, надлежните органи ќе го разгледаат. Ова го изјави за БГНЕС грчката претседателка Катерина Сакеларопулу. „Мермерна плоча во мојата земја може да ја разгледаат надлежните органи“, додаде таа.