logo
logo
logo

Бугарија ги закажа предвремените избори, датумот е 11 јули

Vecer | 05.05.2021

Бугарија ги закажа предвремените избори, датумот е 11 јули

Во Бугарија се закажаа предвремените парламентарни избори. Бугарскиот претседател Румен Радев потврди дека тие ќе се одржат на  одржат на 11 јули 2021.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на изјавата на претседателот на Бугарија, 11 јули е најраниот можен датум за предвремени избори, откако ќе се распушти сегашното 45. Национално собрание.

Сепак, веќе има реакции против датумот, така што генералниот директор на Бугарската национална телевизија Емил Кошлуков побара друг датум за нивно одржување, затоа што тогаш ќе се одржи финалето на Европското првенство во фудбал, а медиумите имаа договори со спонзорите за емитување реклами.

Румен Радев го посети селото Радилово, во близина на градот Пештера, каде исто така коментираше дека привремениот премиер, кој ќе раководи со Бугарија до предвремените избори, ќе биде маж.

Радев најави дека не може да го распушти бугарскиот Парламент пред 11 мај, бидејќи треба да се запази Уставот и да се обезбедат не повеќе од два месеца до изборите. „Ако го распуштиме Националното собрание во петок или понеделник, како што се настојува, тоа значи дека изборите ќе се одржат на 4 јули“, рече бугарскиот претседател Радев.

Според него, Централната изборна комисија не може да подготви избори за 4 јули, бидејќи нема да има доволно време.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk