Брнабиќ: Странските медиуми ја извртеа мојата изјава за формирањето косовска војска

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека била непријатно изненадена од тоа како била пренесена нејзината прес-конференција, од која, како што нагласи, можело да се добие претстава, дека Србија му се заканува на Косово со својата војска, во врска со најавата за формирање на косовска војска.

Брнабиќ рекла дека е незадоволна како некои странски медиуми ја пренеле нејзината изјава за косовската војка, бидејќи, како што рекла, 10 пати повикала на мир и разум, како и и на разговор, а не за војска и пушки.

„Реков дека се надевам дека Србија никогаш во иднина нема да мора да ја употреби својата војска, доста војувавме“ објасни Брнабиќ.

Брнабиќ побарала од нејзиниот тим повторно да ги прегледаат снимките, инсистирајќи на тоа дека повикувала на мир и разум, како и на разговор, што не било истакнато во извештаите од медиумите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари