logo
logo
logo

Брнабиќ со остра реакција до Хаг, најави „историско“ обраќање на претседателот Вучиќ!

Vecer | 09.06.2021

Брнабиќ со остра реакција до Хаг, најави „историско“ обраќање на претседателот Вучиќ!

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека судот во Хаг, кој вчера ја потврди доживотната казна затвор за поранешниот водач на босанските Срби, Ратко Младиќ, е „несомнено политички суд“, кој според нејзиното мислење не придонел за помирување туку сосема спротивно.

"Сега сме подалеку од помирување отколку што бевме пред 26 години. Сега, ми се чини, имаме поголема нетолеранција меѓу народите отколку што имавме за време на конфликтот. Хаг придонесе многу за ова. Тие тогаш рекоа дека судот не е формиран за да придонесе кон помирување, јас со тоа не се согласувам затоа што ако секој што сторил злосторства одговарал, тогаш судот ќе придонесеше кон помирување “, рече Брнабиќ.

Таа одби да ја коментира конечната пресуда против командантот на армијата на босанските Срби, Ратко Младиќ, но, во изјава за ТВ Пинк таа ја повика нацијата да го следи обраќањето на претседателот Александар Вучиќ пред Советот за безбедност на ООН и „ќе добие одговор“.

Вучиќ на седницата ќе зборува за барањето на Хашкиот трибунал Србија да испорача двајца функционери на Српската радикална партија поради непочитување на судот.

Брнабиќ рече дека обраќањето на Вучиќ ќе биде „историско“ и „ќе промени некои работи“.

„Мислам дека никој нема да остане нем по неговото излагање затоа што српските жртви не видоа задоволување на правдата. Тие дури станаа жртви од втор ред, што е страшно и ужасно“, рече Брнабиќ, но истакна дека таа мора да биде внимателна за да не ѝ наштети на државата Србија.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk