logo
logo
logo

Брнабиќ понуди оставка: Ја имате на маса, подготвена сум

Vecer | 07.06.2023

Брнабиќ понуди оставка: Ја имате на маса, подготвена сум

- Како претседател на Владата на Република Србија, подготвена сум во секој момент да поднесам оставка од функцијата премиер на Република Србија. Најголема чест и среќа ми е што имав можност да работам за мојата земја и да дадам сѐ од себе. Но, кога знаете во каква ситуација се наоѓа вашето општество, единствениот начин да најдете решение е да разговарате. Ја имате мојата оставка на маса, подготвена сум – рече Брнабиќ.

Премиерката во своето обраќање ги сумираше резултатите од Владата.

- Ова е мојот трет мандат како премиер на Владата. Се трудев да си ја работам работата на најдобар можен начин, се трудев и дадов сѐ од себе. Гордѐ сум на тоа што го направивме и што сум еден од најблиските соработници на Александар Вучиќ. Мислам дека сè што направивме не беше совршено. Некогаш моравме често да носиме некои одлуки во краток временски период, но мислам дека резултатите се неспорни и дека Србија никогаш не напредувала на овој начин, рече меѓу другото Брнабиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk