Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, се огласи за кампањата што се води на социјалните мрежи против Српската напредна странка со цел ширење дезинформации и политичка дестабилизација на земјата.

Брнабиќ најави дека властите ќе истражат кој шири такви дезинформации, како и дали потеклото на кампањата е странско или се работи за државјани на Србија. Во секој случај, виновниците ќе треба да одговараат, најави таа

–  Ова е една од низата брутални, срамни и лесно проверливи лаги. Целта е дестабилизација на Србија, воведување хаос и паника меѓу населението. Ова е школски пример за обид за обоена револуција. Нема да помине. Србија ќе ја браниме сите заедно – со работа, љубов, посветеност – објасни таа.

Како што наведе таа, Србија нема да застане пред ваквите субверзивни активности.

– Надлежните органи мора да проверат кој стои зад дистрибуцијата на ваквите лаги – и од земјава и од странство и сите тие луѓе да одговараат. Многу ѝ должиме на нашата земја, на нашиот народ и на сите наши граѓани. Србија не смее, и никогаш нема да застане! – изјави Брнабиќ.