logo
logo
logo

Брнабиќ: ЕУ ДА ПРЕСТАНЕ СО ЛИЦЕМЕРИЕТО

Vecer | 14.08.2022

Брнабиќ: ЕУ ДА ПРЕСТАНЕ СО ЛИЦЕМЕРИЕТО

Српската премиерка Ана Брнабиќ остро реагираше на обидот на Европската служба за надворешна акција (ЕЕАС) да ги изедначи Белград и Приштина и ги повика двете страни да се воздржат од „запалива реторика“.

- Гледајќи ја оваа изјава на ЕЕАС, некој би помислил дека денес е 1 април, а не 14 август. Сигурно е некаква (многу несолена) шега – напиша премиерката на Србија.

- Цели 175 дена Албин Курти предизвикуваше вооружен конфликт со Србите. И тоа во година која ќе остане запаметена како година во која Курти им ги одзеде најосновните човекови права на истите тие Срби на Косово и Метохија - со тоа што им забрани да гласаат, вели таа.

Додава дека освен бескорисна писмена изјава, ЕУ не направи апсолутно ништо за ова.

- Спротивно на тоа, мотото на претседателот Вучиќ и Србија е јасно: мир и стабилност. Наближуваме десет (10) години од потпишувањето на Бриселскиот договор, кој ЕУ едноставно не може да го спроведе. Дури и самата ЕУ признава дека не можат да го натераат Курти да формира Заедница на српски општини - столбот на Договорот од Брисел. Тажно е да се види дека ЕУ не ја гледа сопствената вина за тоа каде сме денес, потенцира Брнабиќ.

Нагласи дека доколку ЕУ го стореше својот дел - го обезбеди спроведувањето на Бриселскиот договор и ги гарантираше основните човекови права на Србите во Косово - работите денес ќе изгледаа многу поинаку.

- Затоа, ве молам, престанете со лицемерието – изјави таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk