logo
logo
logo

Брнабиќ: Предлог-законот за литиум поднесен од пратениците од опозицијата е неуставен и штетен

Vecer | 01.10.2024

Брнабиќ: Предлог-законот за литиум поднесен од пратениците од опозицијата е неуставен и штетен

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за рударски и геолошки истражувања поднесен од 86 пратеници од опозицијата е „противуставен и штетен за Србија“, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ за ТВ Пинк изјави дека донесувањето на ваков предлог-закон ќе биде „погубно“ и ќе има лошо влијание врз стопанството.

-Забраната за геолошки истражувања ќе значи стопирање на сите проекти во Србија, денес вие не можете ни пат да изградите без геолошки истражувања. Тоа би значело целосно отсуство на каква било сигурност за домашните и странските инвеститори, рече Брнабиќ.

Според неа, тој предлог-закон е несериозен и го уништува угледот на Националното собрание.

-Мораме да разговараме за овој предлог-закон за граѓаните да разберат колку е тоа штетно, бесмислено и срамно, во кое било свикување на собранието има 86 пратеници кои тоа го имаат потпишано, рече претседателката на собранието.

Брнабиќ ја свика првата седница на редовното заседание за понеделник на 7 октомври и предложи на дневен ред да се најде предлогот на Законот за забрана за ископ на литиум и бор што го предложи опозицијата.

Седницата за измените на овој законот првично беше закажана за вчера, понеделник во 14 часот, но Ана Брнабиќ еден час пред почетокот на седницата изјави дека таа нема да се одржи, бидејќи вонредната седница на која се расправаше за ревизија на буџетот мораше да се заврши во текот на денот.

Оваа одлука на Брнабиќ предизвика синоќа протест пред собранието организиран од здруженијата што се борат против ископувањето на литиум. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk